Почетна / Забава / Евровизија / Шведските медиуми: „Македонија во финале!“

Шведските медиуми: „Македонија во финале!“

 

Во 58-годишната историја на „Евровизија“ вечерва за првпат една песна делумно ќе биде испеана на ромски јазик. Тоа е токму нашата песна и нашата Есма Реџепова, како претставник на Македонија за пласман во финалето на „Евровизија“. Делот на македонската композиција „Пред да се раздени“, кој Есма во Малме ќе го пее на ромски јазик, е проследен со голем публицитет во шведските медиуми, пренесува Курир.

 

 

Во бројните написи во овдешните медиуми се потсетува дека Македонија првпат учестуваше во евровизискиот натпревар во 1998. година. Досега на македонските претставници не им одеше баш најдобро, но сега, како што се укажува во медиумските известувања, се присутни надежи дека е можен позитивен пресврт. Младите Роми во Малме се зачудени, задоволни и горди поради настапот на Есма на ромски.

„Вчера го слушнав тоа и бев навистина позитивно изненадена. Не само затоа што таа е Ромка, туку затоа и што пее на ромски, а што никогаш порано не се случило“, вели Мишел од Малме за Шведското радио.

Весникот Сидсвенскан пишува дека скопската населба Шутка, од каде што доаѓа Есма Реџепова, е најголема ромска населба во Европа. Македонија беше првата земја што им даде права на Ромите, права кои, како единствен пример во светот, се гарантирани и во Уставот.

„Сите земји би требало да го следат македонскиот модел и да им дадат на Ромите исти права и услови како што тоа Македонија го има направено“, вели Есма Реџепова за Сидсвенскан.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каролина и Елена : Ти си нашиот победник, Тамара, те сакаме!

Не стивнуваат реакциите на македонската политичка и естрадна сцена по вчерашниот маестрален настап на Тамара …

error: Содржината е заштитена!