Почетна / Серии / Филипинците ги уништија турските серии

Филипинците ги уништија турските серии

 

Она што на македонската публика и е малку или скоро непознато е дека во моментов вистински хит во светот се азиските серии, особено филипинските и корејските. 

Во земји како Русија, Азербејџан, Грузија, Молдавија и Украина филипинците практично ги “елиминираа“ турските серии од етерот. Свежи обработки на стари класики е рецептот со кој што телевизиската куќа ABS-CBN на големо ги продава своите серии на старнските маркети и пазари. 

Денес, ја издвојуваме најновата хит серија снимена минатата година која доживеа вртоглав успех, Maria Mercedes, римејк на истоимената теленовела од Мексико снимена пред 22 години со популарната Талија.

Преубавата девојка Jessy Mendiola која ја толкува хероината во серијалот, со своите 21 година стана инстант азиска и светска ѕвезда благодарение на Марија Мерцедес.

Наш предлог до телевизиските станици во Македонија е да откупат филипинска серија со цел да внесат свежина во етерот и да добијат висок рејтинг, бидејки популарност на турските серијали се повеќе опаѓа.

Веруваме дека македонсите ќе го препознаат квалитетот на оваа азиска продукција. Во прилог ви го оставаме видеото од налсовната нумера со преубавата и талентирана Џеси Мендиола како слатката Марија Мерцедес!


 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди

error: Содржината е заштитена!