Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #57 |Alevosía

Предавство, епизода #57 |Alevosía

 

Лусија е загрижена поради чудното јавување на Анхелес и верува дека девојката ја излажала. Иако девојката ја извести својата мајка дека заминала на патување во Акапулко и срдечно ги поздрави младенците, Лусија е сомнителна.

Додека во болничката соба се наздравува за венчавката на Нати и Алберто, Анхелес му се колне на Октавио дека ќе плати за сите злодела.

Луз Марија доаѓа во болницата да се прости со Густаво. Го известува дека се обидела да го освои неговото срце но си признава дека не успеала. Го советува да се бори за Лусија.

Густаво и се јавува на Трини да ја извести дека Анхелес е добро и дека заминала на пат во Акапулко. Трини го користи повикот и го прашува хирургот дали знае дека Лусија е бремена. Густаво е изненаден од ваквото прашање а Трини го лаже дека Лусија чека дете од Андрес.

Бесен, Густаво и приоѓа на Лусија и и кажува да не го бара повеќе, бидејки одамна престанал да ја љуби. Дека единствена која ја љуби е Луз Марија.

Во меѓувреме, Естер и Диего ја бараат Анхелес во нејзиниот стан. Диего се сомнева дека неговата сестра е во Акапулко и ги проверува сите летови и хотели и никој не го потврдува нејзиното присуство. Диего помислува на најлошто во тој момент.

Сесилија го известува Хаиме дека е решена да го помине животот со него и дека прифаќа да оди во Бостон со него. Меѓу другото го известува дека е решена да ја мине ноќта со него.

Диего ја известува својата мајка дека ниту една авио компанија не ја регистрирала Анхелес и дека најверојатно е во Гвадалахара. Лусија се плаши од најлоштото.

Густаво му дава писмо со препорака на Хаиме за да му се најде во стажирањето во универзитетската клиника во Бостон каде што ќе ги надгради студиите. Хаиме срдечно му заблагодарува на хирургот и му посакува се најубаво со Лусија.

Октавио и признава на Анхелес дека е задолжен за смрта на Чоле и Игнасио и дека нема да се смири додека не ги извади сите пари од клиниката за да ја остави фамилијата Соријано на ништо.

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …