Почетна / Телевизија / „Фарма“ веќе го прекрши Законот, тужба против Ера?

„Фарма“ веќе го прекрши Законот, тужба против Ера?

 

Иако не поминаа ниту 48 часа од почетокот на четвртата сезона од „Фарма“, учесниците на ова реално шоу со своите постапки успеаја да го прекршат Законот за радиодифузија, а емитувачот Кодексот на однесување.

Во првиот преглед на денот, емитуван вчера, Ера Ојданиќ изјави дека бил во врска со девојче која била осмо одделение во основно училиште, по што целата јавност во Србија реагираше бурно, осудувајќи ја неговата изјава. Денеска и Радиодифузната агенција во посочената држава се појави со соопштение во кое се вели дека ќе биде побарана снимката, каде Ојданиќ изјавил дека имал врска со девојче. Доколку се докаже дека се случил и сексуален однос тоа може да се третира и како кривично дело.

Веднаш потоа и Пинк телевизија со свое соопштение во кое се наведува дека реакциите на изјавата се оправдани, но и претерани,

„Ера Ојданиќ не изјави дека имал сексуални односи со малолетничка, туку раскажа дека наводно биле во некој вид платонски однос. Во спротивно таквите изјави не би ги објавиле. Секако, се поставува и прашањето дали се работи за реална приказна, затоа што е познато дека господинот Ојданиќ е склон на давање слични измислени изјави за да привлече внимание“, се наведува во соопштението на телевизијата.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ Телма ексклузивно на Глобален медиумски конгрес во Дубаи

Медиумската индустрија се развива брзо, а бизнисите мора да се адаптираат за да напредуваат. Дизајниран …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!