Почетна / Серии / Уште една реприза на „Да се биде Ив“ на скопска МТМ

Уште една реприза на „Да се биде Ив“ на скопска МТМ

“Да се биде Ив”, уште една реприза на МТМ телевизија

Прва скопска МТМ телевизија со уште една реприза на тинејџерската серија “Being Eve”. Серијата која премиерно на локалните тв станици се емитуваше изминатава пролет, ни доаѓа од Нов Зеланд продуцирана во 2001 година од продукцијата South Pacific Pictures, во 26 получасовни продолженија. Досега веќе еднаш и беше репризирана на Прва Скопска МТМ, а моментално ја емитува и националната Сител ТВ.

Серијата се фокусира на згодите и незгодите на тинејџерката Ив и нејзините секојдневни проблеми. Нејзините родители се разведени, но живеат куќа до куќа. Во почетокот на серијата, Ив е во врска со Адам, но подоцна раскинува со него и започнува романса со Сем, момчето со кого го имала првиот бакнеж како дете.

ТВ серијата на МТМ ќе се репризира секоја четврток во 8 часот наутро.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно репризи на Телма – италијанска серија пак на програмата

Италијанска криминалистичка мини-серија од 2022 година, режирана од Ќиро Виско, со главни улоги на Викторија …

error: Содржината е заштитена!