Почетна / Филм / Алфа ќе го прикаже успешниот македонски филм „Златна петорка“

Алфа ќе го прикаже успешниот македонски филм „Златна петорка“

Понеделник, 13 август на Алфа телевизија во 21.30 часот – премиера на “Златната петорка”. Станува збор за македонски филм од 2016 година, во режија на Горан Тренчовски, кој е еден од авторите на сценариото, заедно со Елеонора Венинова и Билјана Гарванлиева.

Автори на музиката се Дарко Спасовски и Горан Керкез; костимографијата е дело на Нела Тодоровска; а шминката е дело на Ирена Сенокозлиоска. Во главните улоги ги следиме Петар Арсовски, Игор Ангелов, Љупка Џундева, Јана Стојановска, Ненад Милосављевиќ.

Дeјството на филмот „Златна петорка“ се случува во 1951 година, во градот Струмица, кој тогаш се наоѓал во составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Маки, Ката и Џиџи се верни другари кои веруваат во своите младешки идеали. Но кога Маки и Ката ја објавуваат својата свршувачка, кај Џиџи се појавува љубомора.

Филмот е инспириран од вистински настан – ликвидирањето на пет струмички студенти од страна на УДБА. Филмот завршува со нараторската порака, која гласи: „Никогаш повеќе да не се повтори времето кога поради идеја се убиваше, а поради мисла се умираше. Проклета да е историјата, проклета да е наивноста со која убиваме и умираме во земја во која не се гледаме еден со друг, туку гледаме само идеи, идеи што ненаситно нè јадат и живи нè горат!“

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кинескиот филм „Последниот волк“ во сабота на ТВ 24

Во новата телевизиска сезона, телевизија 24 ќе емитува по еден премиерен игран филм неделно и …

Leave a Reply