Почетна / Забава / Евровизија / Тијана не успеа да влезе во финалето на „Евровизија“

Тијана не успеа да влезе во финалето на „Евровизија“

 

Македонија за жал не успеа да влезе во финалето на „Евровизија 2014“. Покрај сите убави коментари што ги прочитавме од европските новинари за харизматичната Македонка, сепак по влегувањето на Австрија во финалето ја изгубивме и последната надеж дека и нашата претставничка ќе се најде таму.

 

 

Секако дека сме разочарани, но тоа не значи дека македонската публика нема да го проследи фестивалот до самиот крај. Многумина и се нафрлија на Тамара Тодевска, низ социјалните мрежи буквално врие, а причината за тоа е статусот на пејачката во кој таа навреди една цела нација, односно сопствената нација. Тамара своите сограѓани ги нарече „мизерни Македончиња“, па тие и возвратија со одговорот да не очекува гласови од нив, бидејќи биле мизерни.

Последните 10 финалисти кои вечерва влегоа во финалето се: Швајцарија Словенија, Полска, Романија, Норвешка, Грција, Малта, Белорусија, Финска и Австрија. Во прилог е настапот на Тијана.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црна Гора одбра песна – се враќа на голема врата на Евровизија 2025

Вечерва во Подгорица, Црна Гора, се одржа националниoт избор за Евровизија 2025, Montesong 2024, со …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!