Почетна / Серии / Телма ви нуди повторна дружба со култните Дел и Родни

Телма ви нуди повторна дружба со култните Дел и Родни

 

Гледачите повторно ќе се дружат со Дел и Родни

 

Oд понеделник до петок во 17.15 часот на Телма телевизија започнува култната “Сплетки”, емитувана во Македонија неколку пати, а последниот пат на Сител пред три години под насловот “Дел и Родни”. “Сплетки” (Only fools and horses) е една од најпопуларните британски ситкоми, напишана од Џон Саливен, и емитувана на BBC помеѓу 1981 и 1991, а со повремени Божиќни специјални епизоди серијата трае до 2003.

 

 

Насловот на серијата е заснован на старата англиска поговорка “Only fools and horses work (for a living)” (“Само будалите и коњите работат за живот”), што е референца за избегнувањето на работата и данокот од страна на главните ликови. Насловната песна ја напишал и отпеал Џон Саливен. Во првата епизода е користена друга песна, но таа е заменета за да им се помогне на гледачите да го сфатат насловот на серијата.

Дејството е сместено во Пекам, Лондон. Главните улоги ги имаат Дејвид Џејсон како амбициозниот трговец Дерек “Дел Бој” Тротер, Николас Линдхерст како неговиот помлад брат Родни и Ленард Пирс како нивниот дедо во поодминати години (и подоцна Бастер Мерифилд како чичко Алберт). Во серијата има и повеќе одлични споредни улоги. Серијата го прикажува животот на браќата, со сите незгоди и успеси, особено нивните обиди да станат богати.

 

 

Серијата ја има накленоста како на јавноста, така и на критиката. Освоила повеќе награди, вклучувајќи признание од Британската академија, Национална телевизиска награда и Кралското телевизиско друштво, а истотака им помогнала на Саливен и Џејсон да освојат многубројни индивидуални признанија. На врвот на својата популарност, серијата имала 20 милиони гледачи само во Велика Британија. Избрана е за најдобра британска хумористична серија во една анкета на BBC во 2004.

 

 

Исто така, имала влијание и на британската култура, придонесувајќи со неколку зборови во англискиот јазик, како и за популаризација на комбето Reliant Regal. Повеќе производи произлегле од неа – книги, ДВД-а, играчки и друштвени игри.

Улогите ги толкуваат Дејвид Џејсон, Николас ЛиндхерстЛенард Пирс, , Бастер Мерифилд, Роџер Лојд-Пак, , Џон Чалис и др.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затворската драма „Orange is the new black“ премиерно на Нова

Oд понеделник до петок во 21 часот на кабловската Нова С се емитува американската драма …