Почетна / Телевизија / Телевизиите Пинк и Авала сепак не се на продажба

Телевизиите Пинк и Авала сепак не се на продажба

Откако медиумите објавија информација за продажбата на Пинк телевизија, оттаму се огласија со соопштение во кое стои дека телевизијата не е на продажба, како и дека уделот на Жељко Митровиќ во ТВ Авала исто така не е продаден, пренесе порталот ТеВе.

„Телевизија Пинк моментално не е на продажба. Во изминатите години преговаравме со три потенцијални купувачи, меѓутоа заклучивме дека имаме потенцијал самостојно да постигнеме одлични резултати. Не сме преговарале со ниту еден купувач за продажба во актуелната 2012. година, ниту планираме во наредниот временски период. Доколку дојде до преговори, за тоа веднаш ќе биде известена јавноста, бидејќи нашето работење секогаш било транспарентно”, стои во соопштението од телевизијата.

Меѓу другото, од Пинк наведуваат дека поголемиот дел кој го поседува Жељко Митровиќ во ТВ Авала исто така не е продаден. “Сите тврдења објавени во медиумите се потполно невистинити. Од друга страна, ТВ Пинк со Митровиќ на чело, подготвува најпомпезна програмска шема како и промена на визуелниот идентитет, со што очекуваме уште подобри резултати во престојната телевизиска сезона 2012/2013″, соопштуваат од ТВ Пинк.

 

 

 

Nikola S. | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драган Николовски застанува на чело на уредништвото на МРТ 1

Со апсолутно мнозинство, програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија на седница одржана на ден 14.10.2024 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!