Почетна / Телевизија / VIP Survivor / Станија ќе тужи. Наводно не била со црнец!

Станија ќе тужи. Наводно не била со црнец!

Последниве денови постојано се зборува за дисквалификуваните учеснички од “VIP Survivor”, Станија Добројевиќ и Александра Накова, а јавноста беше шокирана од приказната дека девојките на Костарика наводно имале сексуални односи со еден црнец.

 

 

Атрактивната Станија, по конфликтот со згодната Македонка, поради кој двете беа дисквалификувани, излезе со реакција за насловите околу оргијата. За еден српски портал таа изјави:

“Не можам да верувам колку ниско можат да паднат луѓето, тие се подготвени да измислат сешто. Шпекулацијата дека јас и Александра правевме оргија по исфрлувањето е чиста измислица и лага. Целото шоу е организирано од сериозна продукција која го следеше секој наш чекор.

По дисквалификувањето бевме заклучени во различни хотелски соби и немавме можност да се видиме ни меѓу себе, ниту пак да комуницираме со членовите на продукцијата, а уште помалку со непознати луѓе. Дури храната ни ја носеа во соба затоа што немавме дозвола да излеземе поради казната. Како тогаш би имале можност да запознаеме црнец и да правиме оргија со него? Тоа дури технички не беше возможно, затоа што бевме заклучени и под контрола на Костарика, тоа и продукцијата може да го потврди. Сешто пишуваат за мене, но дека некој е толкава гнида и оти може да измисли ваква лага, сеуште не можам да поверувам. Ги тужев “Курир” поради тој текст.”

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Никола Шоќ на детска возраст

Деновиве низ балканските интертнет портали можеше да се види една интересна фотографија од приватниот албум …