Почетна / Телевизија / Српското реално шоу „Хотел Малдиви“ ова лето на Сител телевизија

Српското реално шоу „Хотел Малдиви“ ова лето на Сител телевизија

 

Контроверзно српско реално шоу започнува на Сител

 

 

Започнува новата тура на српски реални шоуа на македонските тв канали. Секој ден на Сител телевизија во 22:30 часот ќе се емитува српското реално шоу “Хотел Малдиви”, а веќе од есен на националните телевизии доаѓа нова тура вакви емисии, како и музичките шоуа “Пинк ѕвезди”, “Пинк ѕвездички”, “Гранд ѕвезди”, “Гранд ѕвездички”.

 

Како спин оф на најконтроверзното и најкритикувано српско реално шоу “Парови” се создаде “Хотел Малдиви”, кое се снима во еден белградски хотел.
Во Хотел Малдиви се вселуваат најозборуваните српски старлети и личности кои изминативе месеци во “Парови” ја примамуваа српската публика пред тв екраните. “Парови” успеа да достигне голема гледаност во Србија, по што продолжуваат шоуата од тој тип. Голема разлика меѓу двете шоуа и нема. Многу од личностите кои се нарекуваат ВИП и кои беа во “Парови” доаѓаат и во “Малдиви” : Јелена Голубовиќ, Змај, Гастоз, Ружица итн.

 

Додека се затворени 24 часа под видео надзор, станарите во хотелот секојдневно ќе освојуваат позитивни и негативни поени. Поените ги добиваат зависно од активностите што ги извршуваат, односно не ги извршуваат и игрите во кои учествуваат или не учествуваат. Главната награда изнесува 100.000 евра.

Секс егзибиции, навреди, кавги, номинации, старлети… сето тоа не очекува во новото реално шоу.

Шоуто ќе се емитува на Хепи телевизија (Србија), ОБН (Босна и Херцеговина) и Сител (Македонија).

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!