Почетна / Телевизија / Модни трансформации во ,,Сакам, посакувам или бегам‘‘ на TLC

Модни трансформации во ,,Сакам, посакувам или бегам‘‘ на TLC

 

Ново модно шоу на TLC

 

 

Од сабота, 11 јули, со почеток во 20 часот, на кабловскиот TLC канал започна со емитување на “Сакам, посакувам, бегам”. Се работи за шоу кое следи жени на кои им треба трансформација на стилот со помош на стилистката Стејси Лондон, која има огромно искуство со оглед на фактот што својата кариера ја има започнато во Vogue.

 

 

На многу жени им е тешко да го пронајдат модниот стил кој им одговара, или пак заглавуваат во одреден период од нивниот живот со облекувањето. Со нивниот начин на облекување, пренападните бои и прекратки или преголеми парчиња облека во права смисла на зборот си го одредиле животниот пат, за жал во погрешен правец. Познатата стилистка Стејси Лондон и TLC каналот одлучуваат преку серијалот ,,Сакам, посакувам или бегам‘‘ да им покажат на жените како на нивниот стил реагираат другите луѓе и како ги доживуваат само поради начинот на облекување.

 

 

Стејси Лондон има за задача во серијалот да им помогне на овие жени да оформат нов стил на облекување поради кој на улица луѓето би вртеле глава, но не од осудување или жалење туку поради воодушевување. Исто им покажува како нивниот дотогашен избор на облека влијае на нивниот секојдневен живот, и од случајно избраните испитаници бара да ги оценат со сакам, посакувам или бегам. Сите учеснички ќе мораат да се решат од сите нивни надградби и да се вратат на природниот изглед. Низ трансформативниот процес и крајниот резултат на многу од нив животот им тргнува во сосема нов, подобар правец.

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Овие филмови се на репертоарот на Телма од 6. до 13. февруари 2021

ПРОГРАМСКА ШЕМА НА ТЕЛМА ТВ ЗА ПЕРИОДОТ ОД 06.02 2021 – 12.02 2021 САБОТА Телма …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!