Почетна / Филм / Спортска комедија и австралиски хорор денеска на МТВ 1

Спортска комедија и австралиски хорор денеска на МТВ 1

недела (19.08.2018) – 17.45 часот – “Тренерот”

Ник е неодговорен и немотивиран млад човек.Тој е навикнат само да гледа како животот ,,поминува” крај него, неговата девојка, која е фото-модел, го остава, а неговите пријатели со кои некогаш се опивал, решаваат да си ги живеат своите животи, но без него. Ник не знае ништо за работата како спортски тренер, но кога му се пружа можност да тренира една млада, локална екипа, тој не ја испушта шансата. Набрзо, работите за Ник почнуват да се движат во позитивна насока, но кога неговата бивша девојка доаѓа да го моли за прошка, сѐ тргнува по надолна линија.

Хју Денси, Џонатан Гутерез, Лијан Бејлебен во романтичната комедија “Coach”.

недела (19.08.2018) – 23.00 часот – “Глутница”

Џек Кембел, Ана Лиз Филипс и Кејти Мур во австралискиот хорор на Џек Робертсон,  вечерва на Прва.

Филмот зборува за еден фармер и неговото семејство кои мораат да се борат за опстанок откако глутница на диви кучиња ќе ја запоседнат нивната изолирана фарма. Настапува вистинска драма. Низ застрашувачки и крвави средби, тие се трудат по секоја цена да ги спасат своите животи и да ја преживеат ноќта.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мистериозната драма „Потемнет сјај“ – четврток (23.08) на МТВ 1

четврток, 23 август 2018 година, 21 часот – реприза на “Потемнет сјај” Џовани Рибиси, Кристина …

Leave a Reply