Почетна / Серии / Сител ќе емитува СФ серија, веќе прикажана на локалните

Сител ќе емитува СФ серија, веќе прикажана на локалните

По “Being Eve”, Сител ќе ја емитува и “Farscape” од локалните

Австралиската научнофантастична серија “Бегалци низ бескрајот” од понеделник (20 август) на Сител телевизија. Оваа серија минатава ТВ сезона неколкупати беше емитувана на локалните телевизии, а последната реприза се уште трае на дел од локалните тв станици низ земјава.

Серијата е финансирана од компаниите на Џим Хенсон, Халмарк Ентертејнмент и СФ Канал, креирана од Рокне С. О’Банон и Брајан Хенсон, а извршен продуцент е Дејвид Кемпер.

За прв пат емитувана во 1999 година, а завршила со снимање во 2003 година, кога била укината поради високи трошоци. За да не се остават гледачите без завршеток, следната година, 2004та снимено е продолжение, мини серијата “Фарскејп – војната на миротворците”.

Приказната го следи астронаутот Џон Крајтон, кој благодарение на неговиот експеримент за тестирање на забрзувањето на вселенинските летала, ќе се најде во друга галаксија. На новото место и во новиот простор, тој ќе најде заштита на биомеханичкиот брод Моја, но тука се Миротворците и Скараните, две негативни милитаристички сили кои навестуваат низа авантури, препирки и борба за власт во Галсаксијата.

Улогите ги толкуваат Ben Browder, Claudia Black, Virginia Hey, Anthony Simcoe, Gigi Edgley, Paul Goddard, Lani Tupu, Wayne Pygram, Jonathan Hardy и др. Серијата на Сител ќе се емитува од понеделник до петок по вечерните вести, во 23.25 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!