Почетна / Забава / Спектакуларно отворање на клубот „Театро“

Спектакуларно отворање на клубот „Театро“

 

Новиот скопски клуб „Театро“ којшто предизвика бура од реакции во јавноста уште при соопштувањето во каков стил ќе биде истиот, вчеравечер за прв пат ги отвори барокните порти за видните личности во Македонија.

 

 

Сместен е на плоштад Македонија кај поранешен „Клуб 69“. На самиот влез на клубот ве очекуваат огромни портрети, фотографии што во себе кријат цели приказни. Веднаш по скалите покрај љубезните хостеси ве пречекуваат и кукли облечени во барок стил, што навистина допринесува да се чувствувате како да сте на некое специјално место. Кога ќе споите галерија, музеј и ноќен клуб во едно тогаш го добивате „Театро“.

 

 

– „Театро е специјално место“, беше најчестиот коментар од оние што присуствуваа на забавата, сите се согласија со тоа дека во Скопје не постои друг клуб со толку гламурозен ентериер.

 

 

Инаку клуот ќе има и дневна шема, односно нема да работи само како ноќен клуб ниту пак ќе има одредени денови за работа, ќе работи секој ден. Во прилог се неколку фотографии од отворањето.

 

 

{gallery}102013/teatro1{/gallery}

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …