Почетна / Телевизија / Х Фактор / Снеже Велков: „Македонците имаат Х Фактор“

Снеже Велков: „Македонците имаат Х Фактор“

 

Уште 9 дена до почетокот на најпопуларното пејачко шоу на планетата „Х Фактор“. Се прават последните подготовки пред емитувањето на првата емисија во вторник (29.10) во 21 часот на Сител телевизија.

Разговараме со водителката Снежана Велков која е домаќин од Македонија во овој регионален проект, каде учествуваат и Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

 

 

Дипломиран филолог по италијански јазик, мајка на две прекрасни дечиња и водител во Сител телевизија, таа признава дека нејзина голема желба била да работи на ваков проект.  

„Почестена сум што Сител ТВ уште еднаш ми укажа доверба – овојпат да бидам домаќин на еден огромен проект каков што е „Х Фактор“. Работата на најпопуларното пејачко шоу на светот за мене претставува предизвик, исполнување на мојата голема желба, но и голема одговорност. Верувам дека ќе ги исполнам очекувањата.“ – вели Снеже Велков.

 

 

– Кои се твоите први впечатоци од работата со продуцентите, аудициите, кандидатите?

„Се радувам што можам да зборувам македонски, но се трудам и тие да го разберат мојот српски. За време на аудициите беше феноменално, како во Холивуд. Сцената на „Х Фактор“, кандидатите, жирито… се беше совршено. Навистина се трудев секој кандидат да го опуштам, што не е лесно бидејќи повеќето од нив имаа огромна трема. Неретко се противев на одлуките на судиите, посебно кога испраќаа дома кандидат што мене ми беше мил, но што да правиме, тоа е одлука на жирито.“

– Како се вклопи во работата со твојот колега Бане Јевтиќ, домаќинот од Србија?

„ Бане и јас супер се забавувавме на снимањата и тоа ќе имате прилика да го видите во емисиите. Се радувавме на секој кандидат што помина во следниот круг на натпреварување, а јас малку се трудев и да пораснам во кадарот за да му бидам на Бане барем до рамената.“ – вели таа на шега.

– Според тебе кој од кандидатите сигурно има „Х Фактор“?

„Јас можеби немам, но Македонците сигурно имаат „Х Фактор“ и во оваа прилика ги повикувам сите во тоа да се уверат. Во вторник (29.10) во 21 часот ексклузивно на Сител ќе се емитува првата епизода од ова шоу.“

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …