Почетна / Филм / Петок 13ти на Телма со француската комедија „Популарна“

Петок 13ти на Телма со француската комедија „Популарна“

Пролет, 1958 година. 21-годишната Роуз Памфиле живее со нејзиниот громогласен татко вдовец кој ја води селската продавница. Венчана за синот на локалниот механичар, изгледа дека е предодредена за тивкиот, исполнет со маки, живот на домаќинка. Но, тоа не е животот по кој копнее Роуз.

Таа патува во Лизие во Нормандија, каде што Луис Ечард, шефот на харизматичната агенција за осигурување, има оглас за секретарка. Интервјуто што следи е катастрофа, но, Роуз открива посебен талент – може да пишува со извонредна брзина. Несакајќи, младата жена го буди заспаниот спортски дух во Луис. Ако ја сака работата, ќе мора да се натпреварува на натпревар во брзо пишување.

Луис се прогласува за нејзин тренер, а Роуз ќе мора да направи многу жртвите за да го достигне врвот. Тој ќе ја претвори во најбрзата девојка не само во земјата, туку и во светот! Но, љубовта кон натпреварот, не секогаш добро се комбинира со љубовта во романтичната комедија на Телма, вечерва во 22.15 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Данската историска романса „Кралска афера“ на 14 јуни на Телма

Во 1767 година, британската принцеза Каролин е венчана за лудиот крал на Данска, Кристијан VII. …

error: Содржината е заштитена!