Почетна / МК Сцена / Слаткар го промовираше спотот „Добро да е“

Слаткар го промовираше спотот „Добро да е“

 

Вчеравечер, Слаткаристика го промовираше својот нов видео запис за песната „Добро да е“. На поинаков начин, во опуштена атмосфера со друштво и пиво, Слаткаристика ги покани сите што го очекуваа овој спот да му се придружат на муабет преку линк и заедно во живо да го погледнат новиот спот „Добро да е“. Еден час пред ТВ промоцијата, Слаткаристика муабетеше, се забавуваше и одговараше на сите прашања од оние што го пратат, за потоа заедно да го изгледаат новото видео и на неговиот Јутјуб канал. На крај, пивата горе и сите си посакаа – За „Добро да е“.

 

 

Видеото е позитивен микс од локации и ликови кои во 4 минутна визуелна порака ја реализираше тимот на Томато продукција, а на огромоно задоволство на Слаткаристика во соработка со Ивајо оваа порака од вчера се слуша и по радио станиците. Слаткаристика Ве кани на неговата официјална ФБ Фан страна каде преку веќе изработена апликација лично Ви посакува „Добро да е“, а ние исто така Ве оставаме во добро со неговиот нов видео запис. Уживајте!

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара и децата од „Дајте музика“ ја отпеаа „Холивуд“

Вистинско освежување оваа сезона претставува новата сезона од популарниот играно музички серијал “Дајте музика”. Секоја …

error: Содржината е заштитена!