Почетна / Телевизија / „Симпсонови“ се враќаат на филмското платно

„Симпсонови“ се враќаат на филмското платно

 

Откако на филмското платно во 2007-та година ги соборија рекордите со своите семејни авантури, „Симпсоновите“ повторно ќе се појават во филм, но овој пат краткотраен. „The Longest Daycare“ ќе биде името на филмот што нема да трае повеќе од 30 минути, а дејството во него ќе биде фокусирано на малата Меги Симпсонс и нејзините авантури што немаат крај. Овој пат таа се враќа во градинка, а таму ќе се спријатели со една пеперутка.

 

 

Извршниот продуцент на филмот изјави дека иако се работи за краткотраен филм, гледачите сепак ќе имаат можност да уживаат во многу интересни моменти, „сладок е и забавен“, рече тој за филмот што ќе биде достапен од 8-ми јули во 3D формат.

 

 

 

 

Ivana T. | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Конкурс за избор на нов директор и заменик директор на МРТ

Програмскиот совет на МРТ распишува ЈАВЕН КОНКУРС за избор на Директор на МРТ и Заменик …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!