Почетна / Серии / „Село гори, баба се чешла“ од понеделник до петок во 20 часот на Алфа

„Село гори, баба се чешла“ од понеделник до петок во 20 часот на Алфа

 

Во чест на Драган Николиќ – негова серија на Алфа телевизија

 

 

Алфа телевизија започнува со емитување на српската хит серија “Село гори, баба се чешла”, која важи за една од најгледаните српски серии на сите времиња. Серијата има 89 епизоди, но поради големиот успех, сценаристот и режисер Радош Бајиќ решил да ја продолжи приказната, па оваа година на првиот канал на Радио телевизија Србија ќе бидат емитувани и нови 12 епизоди, пред кои како најава ќе оди филмот “Браќа по бабина линија”.

 

 

“Село гори, баба се чешла” е хроника на современото српско село. Поетска и сатирична приказна за жилавата борба за опстанок на селото, за домашните огништа во кои повторно се разгорува огнот. Но, најважно од се’ е приказната за малите, а големи луѓе од селото. Луѓето кои секогаш се жалат, ама и секогаш се први да помогнат, луѓето кои секогаш прво го покажуваат веселиот дух и хумор, а дури потоа гневот и лутината… Луѓето кои прво го плаќаат данокот и сметките на државата.

 

 

Во центарот на приказата е Радашин, селанецот од селото Петловац, чие семејство го сочинуваат неговата жена Радојка, синот Радослав со снаата Ингрид од Шведска и внукот Том, како и ќерката на Радашин, Милона со зетот Раденко и внуците Милица и Милутин.

Радашин времето го минува и со своите соселани и пријатели, Жота, Драгојло и Милашин со кои доживува низа интересни и хумористични случки кои ќе ги насмеаа до солзи српските гледачи, а сега и македонските телевизиски гледачи.

 

 

Во главните улоги настапуваат Драган Николиќ, Радош Бајиќ, Милорад Мандиќ, Мирко Бабиќ, Лилјана Стјепановиќ, Мира Бањац, Сузана Манчиќ и др.

Серијата ќе се емитува на Алфа телевизија, од понеделник до петок во 20 часот.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!