Почетна / Телевизија / Интернет тв Pickbox нуди три возбудливи серии за оваа пролет

Интернет тв Pickbox нуди три возбудливи серии за оваа пролет

 

Овие серии доаѓаат на регионалната интернет телевизија

 

Разбуди се од зимскиот сон и оваа пролет уживај во новите супер серии. Со оглед на тоа како се чувствуваш, дали те фатил пролетниот замор или чувствуваш полет, избравме неколку серии кои никако не смееш да ги пропуштиш.

Ако оваа пролет се чувствуваш како мачо, тогаш сигурно не би смеел да ги пропуштиш сериите во кои сѐ вреска од мажественост. Тука има насилство, вербални судири, пукање, бркотници и сите работи што прават некоја серија да е напната.  

 

 

Милијарди (Billions) носи свеж поглед врз борбата на двајца моќни мажи од кои еден е на страната на законот, а другиот има пари со кои ги решава сите свои проблеми. Надмудрувањето помеѓу Чак (Пол Џијамати) и Екс (Демијан Луис) повеќе наликува на борба со рогови помеѓу двајца препотентни мажјаци. Но во тоа има шарм, затоа што во ниту еден миг не знаеме кој од оваа приказна ќе излезе како победник.

Моќ (Power) носи приказна за парите. Што е њујоршкото подземје без моќниот гангстер како што е Дух? А кога уште ќе ти кажеме и дека Дух е портретиран според контроверзниот рапер 50 Сент, кој во животот поминал низ сѐ и сешто, па дури и дека бил ранет, сигурно нема да можеш да одолееш. Дух не е Волтер Вајт, но пукање и насилство има точно толку колку што треба.

 

 

Без граници (Limitless) е серија создадена според истоимениот филм, а е возбудлива затоа што дејството не е стиснато во два часа, туку во 22 епизоди (засега). Чудната таблетка НЗТ, која го зголемува капацитетот на мозокот кај протагонистите, отвора нови светови и ги води во игра со моќниците, а тебе ти нуди еден куп возбуда, бркотници, откривања тајни и поигрување со психата.

Најдобрите работи не можат да се купат со пари, но втората најдобра чини само 299 МКД и ти овозможува гледање на повеќе илјади часови серии и тоа токму овие серии. Секако, се работи за интернет телевизијата Pickbox на која оваа пролет можеш да најдеш десетици супер серии кои можеш да ги гледаш кога било и каде било. Ослободи се од далечинскиот управувач, најди го своето омилено удобно место и одмори се со една од сериите што ти ги подготви Pickbox.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!