Почетна / Серии / Секоја вечер на полноќ, репризи на епохалните драми на Телма ТВ

Секоја вечер на полноќ, репризи на епохалните драми на Телма ТВ

Потсетување на едно старо време и на една борба за слобода

 

По завршување на сезоната на “Shameless”, Телма телевизија секоја вечер на полноќ започна со репризирање на историската драма “Pillars of the Earth”, a веднаш по нејзиното емитување продолжи спин оф серијата “The world without end” која исто така премиерно ја следевме во текот на зимските месеци.

За потсетување, средновековната драма “Свет без крај” е канадско-британска продукција, снимена по истоимената книга на Кен Фолет, авторот и на “Столбовите на земјата”. Снимана е во Унгарија, Австрија и Словачка, а во главните улоги настапуваат Синтија Никсон, Миранда Ричардсон, Питер Фирт, Бен Чаплин, Шарлот Рилеј, Руперт Еванс и многу други.

14 век, Англија, време на природни катастрофи, војни и болести, време за превласт и време кога се јавува смртоносната чума. Дејството на серијата е сместено 150 години понапред од она во Столбовите и претставува хроника на случувањата во едно англиско измислено гратче, Кингсбриџ кое станува мета на борба за власт во текот на стогодишната војна со Франција.

Како би го спасиле градот, младата визионерка Керис, нејзиниот љубовник Мертин и сер Томас ќе соберат луѓе кои ќе треба да се спротистават на Црквата и Кралството. Нивната храброст ќе ја инспирира цела Европа, па во сите градови и села, луѓето ќе започнат масовни буни за своите права и борба против самоволието на свештениците и владарите.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжението на „Life on Mars“ за викенд крими акција на Нова С

Секоја сабота и недела на кабловската Нова С го следите продолжението на познатата британска серија …