Почетна / МК Сцена / Сара Маркоска- нов победник на Макфест

Сара Маркоска- нов победник на Макфест

 

Младата Сара Маркоска која беше прогласена за најдобар дебитант на овогодишното издание на  „Макфест“ триумфираше на  фестивалот кој годинава се одржа по 27-ми пат. Публиката во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип со најголем број на гласови и ја донесе победата на Сара за изведбата на композицијата „После него“, авторско дело на тандемот Лазар и Магдалена Цветкоски.

 

 

– Премногу сум возбудена, навистина не знам што да кажам, освен да ви се заблагодарам за поддршката и за вашите гласови. Да не бевте вие немаше да го имам ова прекрасно чувство кое никогаш нема да го заборавам  – низ солзи и се обрати Сара на публиката во салата.

Првото место од жири комисијата го доби Тамара Тодевска која беше второпласирана од публиката, а за извонредната изведба на „ Готово е“ од Роберт Билбилов со текст на Игор Џамбазов ја доби наградата за најдобра интерпретација „Тоше Проески“. Третопласирана од публиката во салата беше Биба Додева за „Сети се штом заврне“, а од жирито дуетот на Александар Белов и Милица Мајсторовиќ „Пази ме ти“. Гостинката од Србија Соња Кочиќ која ја изведе „Мојот сон“ на македонски јазик го доби второто место од жири комисијата.

 

 

За најслушана песна помеѓу двата фестивала беше прогласена „Јас сум тој“ од Дарко Илиевски и Никола Пауновиќ, а наградата за најдобар текст отиде во рацете на Огнен Неделковски за стиховите кои Иван Раденов ги испеа во „ Кога си одиш “. Зоран Алексиќ зема награда за најдобар аранжман за „Не ме заслужуваш“ на Виктори, а Христијан Тодороски Кико и балетското студио Бах од Струга ја добија наградата за најдобар сценски настап.

На овогодишното издание на Макфест беа изведени 37 нови композиции, како и официјалната песна на фестивалот „Почувствувај го ритамот“. Во ревијалниот дел на манифестацијата со своите најголеми хитови настапија Кики Лесендриќ и групата Пилоти.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара и децата од „Дајте музика“ ја отпеаа „Холивуд“

Вистинско освежување оваа сезона претставува новата сезона од популарниот играно музички серијал “Дајте музика”. Секоја …

error: Содржината е заштитена!