Почетна / Телевизија / Х Фактор / Самарџиќ: „Транвеститот Фифи е извонреден пејач“

Самарџиќ: „Транвеститот Фифи е извонреден пејач“

 

„Вашиот трансвестит Фифи е извонреден пејач“, изјави Жељко Самарџиќ, кој деновиве е во посета на Македонија. Самарџиќ, кој важи за едно од најпопуларните музички имиња на бившите Ју-простори, не беше воздржан и критички настроен како и колегата Жељко Јоксимовиќ, па без да штеди на зборови ја пофали работата на Филип Јаневски – Фифи, кој во третата, за него последна емисија во живо, испадна од натпреварувањето на шоуто Икс Фактор.

 

„Драго ми е што секоја година излегуваат нови имиња на музичката сцена, особено ми се симпатични проектите од типот на Икс Фактор кои откриваат нови, млади, надежни и талентирани деца. Еве на пример, можам да кажам дека вашиот трансвестит е извонреден пејач. Без оглед на тоа како изгледа и што сака да биде девојка, но и тоа што не го продолжи натпреварувањето, не може да се оспори неговиот музички талент, тој има одличен глас и извонреден талент. Истото важи и за сите млади талентирани учесници на кои им претстои светла иднина под музичкото небо, доколку продолжат да пеат“, изјави Самарџиќ, пренесува Вечер.

Инаку, Жељко официјална средба со македонската публика најави за следниот месец, за кога подготвува специјално изненадување за сите негови обожаватели, и тоа на само еден ден по денот на љубовта и виното.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …