Почетна / Серии / Теленовели / Ретро | Најпопуларните песни од шпанските серии

Ретро | Најпопуларните песни од шпанските серии

 

Латино-американските серии во Македонија беа на врвот повеќе од 10 години. Тие содржини владееја со телевизиската програма, а гледачите со задоволство ги конзумираа испреплетените приказни. Секоја серија имаше своја препознатлива песна, а оние повеќе успешните беа промовирани и со комплетни музички албуми, односно саундтраки.

 

 

Повеќе латино-американски изведувачи беа прославени на Балканот благодарение на телевизиските серии, меѓу кои ѕвездите од серијата „Млади бунтовници“ и пејачките Талија и Наталија Ореиро. Во тој период интернетот не беше развиен до овој степен како и споделувањето на музиката. Албумите од овие серии се продаваа и во тогашниот дневен весник „Време“. Музиката од „Патишта на љубовта“, „Скриени страсти“, „Љубов и омраза“, „Руби“ и многу други серии стигна до рацете на гледачите благодарение на тој весник. Во прилог се најпопуларните песни кои останаа во меморијата на гледачите.

 

Изведувач | Natalia Oreiro
Песна | Cambio Dolor
Серија | Дивиот Ангел

 

Изведувач | Erreway
Песна | Bonita de mas
Серија | Млади бунтовници

 

Изведувач | Thalia
Песна | Rosalinda
Серија | Росалинда

 

Изведувач | Enrique Iglesias
Песна | Nunca te olvidare
Серија | Никогаш нема да те заборавам

 

Изведувач | Angela Maria Forero
Песна | Fierra inquieta
Серија | Скриени страсти

 

Изведувач | Chenoa
Песна | En tu cruz me clavaste
Серија | Ексцентричната Анастасија

 

Изведувач | Велери Моралес и Вахеро
Песна | Doble vida
Серија | Анали

 

Изведувач | Javier Rodriguez
Песна | Esmeralda
Серија | Есмералда

 

Изведувач | Pandora
Песна | La usurpadora
Серија | Злобница

 

Изведувач | Charlie Zаа
Песна | Por tu amor
Серија | За твојата љубов

 

Изведувач | Reyli Barba
Песна | La Descarada
Серија | Руби

 

Изведувач | Jose Antonio Bordell
Песна | Kassandra
Серија | Касандра

 

Изведувач | Ruth Mary Carvajal
Песна | La Otra en mi
Серија | Другата во мене

 

Изведувач | Lucero
Песна | Lazos de amor
Серија | Љубовни врски

 

 

 Се надеваме дека за момент ве вративме во едно поубаво време!

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Ќе се разоткрие ли убиството кое донесе „Подарено срце“?

И вечерва на Сител, нова епизода од љубовната драма за едно “Подарено срце”. Приказната за …