Почетна / Сапуници / Приказната за Осман продолжува вечерва

Приказната за Осман продолжува вечерва

 

Од вечерва (понеделник) во 19.45 часот ексклузивно на Сител телевизија ќе се емитува новата сезона од „Бурни времиња“, најгледаната турска серија во последните 10 години.

 

 

Дејствието во втората сезона е сместено две години после случувањата од првата сезона на серијата. Осман го доживува својот прв школски ден, и се вљубува во девојката по име Ѓулден. Мете станува голема музичка ѕвезда. Тој, заедно со своите пријатели од групата, добива работа во едно добро-познато казино. Неговата популарност секојдневно расте, но тој сеуште не може да заборави на својата прва љубов – наставничката од училиштето што ја изгуби борбата со тешката болест.

За жал, Мете сеуште страда по неа. Запознава девојка што со својот физички изглед болно ги враќа спомените од неговото минато. Ајлин сето време одржува контакт со Сонер, кој е во Лондон. Потоа тој се враќа, и поминува некое време со неа. Ајлин одлучува да се омажи за Сонер, но дали тој ќе прифати? Берин е во брак со Хакан. А таа, има и едно дете…

Судбината беше сурова со животот на Џемиле, и често си поигруваше со нејзините чувства. Но, Џемиле не попушти дури ни во најтешките моменти. Во изминатите две бурни години се случуваа многу нешта со нејзиниот живот. После се што се случи, дали воопшто постои сила за нов почеток?

Ова се само дел од случувањата што ќе ги донесе новата бура. Од вечерва на Сител не пропуштајте ја втората сезона од хит серијата „Бурни времиња“.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За фановите на „Млади бунтовници“ и „Ангели“, доаѓа нова хит серија

Со големо задоволство и носталгија се сеќавате на времето поминато со вашите незаборавни “Млади бунтовници”? …

error: Содржината е заштитена!