Почетна / Филм / По завршување на СП во фудбал, МТВ ќе репризира филмови во прајмтајм

По завршување на СП во фудбал, МТВ ќе репризира филмови во прајмтајм

Вечерва на Прва – италијанска драмедија во 21 часот

 

Откако термините на вечерните натпревари од фудбалската треска останаа без спорт, МТВ ќе репризира играни филмови секоја вечер. Прв на репертоар е “Совршени странци” (Perfetti sconosciuti) кој ќе се прикажува вечерва, недела, 15 јули во 21 часот.

Италијанска драма комедија на Паоло Џеновезе која ќе не запраша – дали доволно добро ги познаваме своите блиски пријатели и можеме ли да ги насетиме нивните тајни?

 

За време на една вечера, седуммина пријатели убедени дека немаат никакви тајни меѓу себе, решаваат да играат една опасна игра. Секој од нив мора да го стави мобилниот телефон на маса, и сите пораки и повици стануваат јавни. Тие се обидуваат да докажат дека нема што да скријат едни од други, и наивната игра се претвора во нешто сосема друго. Скокотливите пораки се доволен показател колку всушност малку знаат за своите партнери и пријатели, со што сериозно се нарушува дотогашната пријатна атмосфера.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува ретро киното на Алфа, погледнете што следува

Продолжуа летното кино на Алфа со ретро југословенски филмови. Во продолжение прочитајте кои филмови ќе …