Почетна / Забава / Протест – пејачот на „Green day“ се откажува од државјанството на САД

Протест – пејачот на „Green day“ се откажува од државјанството на САД

Пејачот на панк-групата „Грин деј“, Били Џо Армстронг, пред посетителите на концертот во Лондон соопшти дека наводно се откажува од своето американско државјанство, во знак на протест поради укинувањето на правото на абортус од страна на Врховниот суд на САД.

Настапувајќи во британската престолнина во петокот вечерта, само неколку часа откако мнозинството судии во неговата земја пресудија дека абортусот повеќе не е заштитен како човеково право, 50-годишната рок-ѕвезда остро ја критикуваше судската одлука и својата земја.

Армстронг, исто така, ја искористил оваа пригода, па извикал „на Врховниот суд на Америка“ при изведбата на хитот од 2004 година – „Американски идиот“, кој секако е политички насочена песна. Панк-бендот редовно ги критикува државните политики на САД.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од технички причини, Турбо рок фестивалот се презакажува

Од технички причини, ТУРБО РОК фестивалот со Неле Карајлиќ, Ван Гог и Ју Група, првично …

error: Содржината е заштитена!