Снимањето на популарното шоу „Танц со ѕвездите 2“ започнува денес, а ќе се емитува на МТВ на новогодишната ноќ.

Во студијата на МТВ ќе се појават радио и ТВ-водителот Димитар Атанасовски, каратистката Наташа Илиевска, Пејачката Сара Мејс, ватерполистот и фотомодел Стефан Лошковски, пливачката Наташа Мешковска, новинарката и телевизиска презентерка Маријана Димовска, музичарот Владимир Крстевски – Франц, старлетата Александра Накова, актерите Мартин Јордановски и Влатко Илиевски и нивните професионални денс-партнери, кои ќе ги одмерат танцувачките сили.

Им посакуваме многу среќа, која ќе им биде повеќе од потребна, бидејќи лани на пробите се повреди Васил Зафирчев, а сите останати учесници имаа многу модрици и помали повреди.

Курир
| ТВ Пакет
 ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
				
 
		 
						
					 
						
					 
						
					 
					
				