Почетна / МК Сцена / Почина истакнатиот актер Владимир Ангеловски – Дади

Почина истакнатиот актер Владимир Ангеловски – Дади

 

Еден од доајените на македонското актерство, Владимир Ангеловски – Дади почина синоќа на 66-годишна возраст. Под водство на Тодорка Кондова Зафировска на шест години учествува во формирањето првата Детска радио драма во МРТВ.  Тогаш освојува три први места на Југословенскиот фестивал за детска Радио драма. Во Драмски театар за прв пат настапува во 1962 година во улогата на Оливер Твист. Официјално, како веќе афирмиран актер, станува дел од Драмскиот театар во 1966 година, каде веднаш како улога му е доделена улогата на Принцот и Просјакот во истоимената претстава. Од 1967 година се вработува во ДТС и учествува во сите проекти на театарот. Како поважни проекти од тој период се издвојуваат улогите во позната трилогија “Чук, чук Стојанче”, “Баш челик” и “Шекспир во приказни”, сите три во режија на Коле Ангеловски. Со претставата “Шекспир во приказни” учествува на фестивалот “Мали сцени”, Сараево,и во Дубровачки летни игри. Публиката го памети Дади по антологиската улога на Итар Пејо во “Солунските патрдии”, Климе во “Викенд на мртовци”, Берберот во “Собирен центар” и во уште стотина театарски, филмски и ТВ улоги.

 

 

 

 

Ивана Таневска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Голдберг варијации“ во изведба на пијанистот Дино Имери

Едно од најпознатите дела на музичкиот гениј Јохан Себастијан Бах, неговите „Голдберг варијации“, ќе прозвучат …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!