Почетна / Живот / Постои ли граница која Идрис Елба не може да ја надмине?

Постои ли граница која Идрис Елба не може да ја надмине?

  

Нов серијал – Идрис Елба : без граници, на Discovery Channel

 

Серијалот е составен од четири епизоди секоја во траење од 60 минути. Актерот кој до неодамна се спомнуваше како можен прв црн агент 007, сега во поинакво издание. Идрис Елба кој светската слава ја стекна со серијалите The Wire и Luther, како и блокбастерите Thor и Prometheus, сега во соработка со Discovery се исправува пред адреналински брзински предизвици во четири дисциплини: рели возење, акробатско летање, автомобилска трка и соборување на брзински рекорд поставен од 1927.

 

 

Еден од најпознатите актери на денешнината, Идрис  Елба е дел од новиот серијал кој започнува да се прикажува од петок, 25 септември во 21 часот на Discovery. Приватно, Идрис е голем љубител на автомобилските трки и заедно со Discovery снимаа нешто сосема поразлично.

Со голема поддршка од стручен тим, тренери, инструктори и механичари е снимен серијалот ,,Идрис Елба: Без граници, каде актерот во четири епизоди ќе се натпреварува во четири различни дисциплини: рели возење, акробатско летање, автомобилска трка и соборување на легендарниот брзински рекорд кој го има поставено Сер Малком Кемпбел во 1927.

 


 

Целта на Идрис е да покаже на што сè е човекот способен кога одлучноста, напорната работа и упорноста ги преовладуваат ограничувањата и стравовите од кои сами се ограничуваме. Британскиот актер се исправува пред серија предизвици со голем адреналин кои го инспирираат да ги преовлада и сопствените стравови, а сигурно нема да му е удобно да седне како пилот во авион за акробатско летање со оглед на фактот дека се плаши од височина и има клаустофобија. Освен тренинзите за возење, тој ќе мора да најде и време за пронаоѓање и модифицирање на возила за секоја поединечна дисциплина.

Она што е најдобро во серијалот е што за Идрис само учеството во трките не е доволно. Идрис учествува во секоја трка со една цел-победа!

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови книги од Стојановски и Чапаровска во издание на „Современост“

Во издание на литературното списание „Современост“ од Скопје излегоа книги од нови македонски автори, романот …