Почетна / Забава / Отворен е Дистрикт, вашиот нов омилен ресторан во центарот на Скопје

Отворен е Дистрикт, вашиот нов омилен ресторан во центарот на Скопје

 

Без разлика дали планирате деловен ручек, романтична вечера или само пијалак со пријателите после напорниот ден, во планот за посета нека ви биде ресторанот Дистрикт. Овој новоотворен ресторан се наоѓа во центарот на Скопје, на самиот плоштад, во склоп на хотелот Мериот.

 

 

Уникатно дизајниран, уреден во модерен стил и доза на традиција, ресторанот нуди атмосфера за сите оние гости што сакаат да се чувствуваат пријатно и опуштено во кој било период од денот. Посебно задоволство за посетителите е отворената кујна на ресторанот околу која се сместени масите, а тоа создава амбиент на блискост, отвореност и лесна комуникација помеѓу професионалниот готвачки тим во кујната и присутните гости. Во целиот тој отворен простор, главниот шеф преку мешавината на рецептите од Источна Европа и медитеранските влијанија, многу брзо ги буди сетилата на мирис и вкус, отворајќи го апетитот и поттикнувајќи ја желбата кај гостите да вкусат нешто ново, уникатно и вкусно од менито на Дистрикт.

 

„Не е тајна дека луѓето се повеќе имаат префинет и софистициран вкус за храна и пијалаци. Моето професионално искуство, а и лична желба секогаш да подготвам нешто што ќе ги задоволи нивните очекувања, е предизвик што ресторанот Дистрикт го нуди. Овој ресторан е различен и автентичен по многу работи, но она што е главно, тој е достапен за сите. Дистрикт е вистинско место и за оние што имаат специфичен вкус за храна, како и за оние кои сакаат своето слободно време да го поминат во релаксирачки, пријатен и топол амбиент,“ вели главниот готвач Петер Татар, наградуван и признаен од страна на голем број познати ресторани во светот.

Единствен ресторан во градот што нуди мени за салати од каде гостите може со сопствен избор на состојките, самите да го изберат саканиот вкус, а умешноста на готвачите е дополнета од уникатната Хоспер (Josper) скара, што секој оброк го прави посебен. Барот во ресторанот Дистрикт пак нуди мени со уникатни и несекојдневни коктели.

Ресторанот Дистрикт е отворен седум дена во неделата, од 06:30 часот наутро, па се до полноќ, правејќи го достапен за сите граѓани и туристи што се наоѓаат во главниот град. За резервации и за повеќе информации околу менито во Дистрикт може да се јавете на 02 510 2535.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влезниците за концертот на Брајан Адамс пред распродавање!

Влезниците од категоријата ПАРТЕР за претстојниот концерт на Bryan Adams кој ќе се одржин1 13. …