Почетна / Забава / Фантастичен концерт на Жељко Самарџиќ – ја испеа Бисер Балкански

Фантастичен концерт на Жељко Самарџиќ – ја испеа Бисер Балкански

Во преполна сала и добра енергија помина концертот на Жељко Самарџиќ во Скопје. Гостинка на концертот беше Калиопи која со Самарџиќ ја пее „Знам”, која ја напиша Ромео Грил, а од лани стана доста популарна во регионот, а гостуваше и Бора Чорба.

Ефективен беше стартот на концертот со песната „Бисер балкански” од Гоце Николовски и целата сала пееше со него. Присутните во еден глас ја пееја култната песна и тоа дополнително ја загреа атмосферата заедно со настапот на гостите кои ја разиграа публиката кога во дует ја испеаја „Елено ќерко”.

Самарџиќ пееше речиси три часа, раскажуваше забавни приказни и се фотографираше со публиката,
Единствениот естраден магазин “Бекстејџ” , од прв ред ја пренесе атмосферата за која долго ќе се зборува, а што се забележа камерата погледнете во видеото

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стенд-ап на 4 август во Охрид – „Ова не е нормално“ со Марјан и Бојан

На 4 август, под ѕвезденото небо на Античкиот театар во Охрид, ќе се случи вистински …

error: Содржината е заштитена!