Почетна / Сапуници / Опасната љубов пристигнува

Опасната љубов пристигнува

 

Од оваа есен на локалните телевизии во сите градови на Македонија ќе се емитува латино-американската серија со познатиот пејач Карлос Понсе, “Опасна љубов”.

 

Perro Amor – Опасна љубов
Број на епизоди: 129

 

„Perro Amor“ е приказна, која си игра со страстите и чувствата во еден свет на облози, во кој љубовта и срцето се изложени на ризик заради игрите на двајца љубовници, кои не познаваат граница.

Антонио Брандо и Камилa се братучеди, кои се пријатели и љубовници, пораснати заедно, но се впуштаат во еден свет на игри, придружени од ризици и сексуални ритуали, кои ги претвориле во соучесници. Меѓу нив нема морални бариери – всушност спротивното, тие секој ден животот си го менуваат во „руски рулет“ меѓу тајните страсти, опасните игри и еротски ритуали без никаква цензура. За нив задоволството и адреналинот се причината поради која во нивната игра се е дозволено, посебно кога станува збор за секс. Двајцата имаат само едно правило кое гласи: Да не се вљубат во својата жртва на облог… Но на секое куче му доаѓа времето и да стапи во брак, па така доаѓа време за бракот на Антонио и Даниела, кои се наоѓаат пред олтар, благодарение на Камила.

Среде скандалот, Антонио ја запознава убавицата Софија – привлечна жена која му го зема вниманието и ја претвора во жртва на следната игра со Камила, во која треба да ја натера да се вљуби во неа и да ја однесе во својот кревет, знаејќи дека е невина. Она, кое тие не го предвидуваат е тоа што имаат друг кој ги има овој пат искрените намери кон Софија, а тоа е Роки Перез, пејач, кој е сигурен во своите намери и се надева дека ќе го освои нејзиното срце. Антонио ја започнува својата игра без да претпостави, дека всушност неговиот татко ќе го попречи неговиот план, затоа што семејната компанија сака да го присвои преградието во кое таа живее.

Сан Херонимо е дел од локациите, кои бизнисменот Педро Брандо се обидува да ги присвои за да реализира еден од своите најголеми проекти. Така Камила исто се вовлекува во оваа игра за откупување на терените сé со цел да ги искористи луѓето користејќи лаги, кои го доведуваат Дон Даго, таткото на Роки, до самоубиство. Роки и Антонио се претвораат во ривали за љубовта на Софија и вечни непријатели поради смртта на таткото на пејачот, која е предизвикана од семејството Брандо. Фаталните облози со Камила започнуваат да влијаат на економската состојба на семејството поради што Антонио е исфрлен на улица од својот татко. Во состојба да му докаже дека е променет, тој решава да се ожени за Софија и покрај тоа што тој не претпоставува дека љубовта е веќе пред вратите. Планот за игри и борба за Софија, која не смее да ја предаде во рацете на друг, прави мрежа околу него. За тоа време Камила забележува дека го губи својот љубовник, и со своите идеи и фатални игри ќе се обиде да не ја изгуби својата вечна љубов, која отсекогаш ја криела.

 

 

DarkShadow | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | На снимањето на последните епизоди од „Далеку од дома“

Костимираната телевизиска серија на Сител се приближува кон големото финале. Додека ги следиме последните случувања …

error: Содржината е заштитена!