Почетна / Сапуници / Онур ја остави Шехерезад!

Онур ја остави Шехерезад!

Иако се зборуваше дека имаат особено цврст брак, популарните актери од серијата “1001 Ноќ”, Берѓузар Корел и Халит Ергенч паднаа во сериозна брачна криза.

 

 

Имено, тригодишниот брак на популарните актери доживеа сериозна криза и висеше на конец. Турските медиуми постојано објавуваа натписи околу тоа како популарниот брак може во секој момент да се распадне поради љубомората на убавата Берѓузар, а последниот наслов велеше дека Халит и официјално ја започнал постапката за развод откако се иселил од нивната заедничка куќа.

Но тоа не е се, тој исто така станал зависен и од коцкањето, медиумите пишуваат и за тоа како никој не може да го истера од истанбулските коцкарници. Многуте пороци на Халит се причината која Берѓузар ја наведе за нивниот развод што требаше да се случи во блиска иднина.

Сепак на крајот, како во една турска серија, наводно Берѓузар му простила се на Халит. Сега сите пишуваат за тоа како после тримесечниот процес за развод овој пар излегол држејќи се за рака од судницата, по што актерот се вратил во семејната куќа.

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!