Почетна / Телевизија / Нов телевизиски канал за државите на поранешна ЈУ

Нов телевизиски канал за државите на поранешна ЈУ

 

Во текот на 2014. година со работа ќе почне информативниот телевизиски канал Н1, кој ќе биде наменет за гледачите од државите од поранешна Југославија. Како што јави Танјуг, телевизијата Н1 ќе биде специјален партнер на Си-Ен-Ен во регионот на Западен Балкан и ќе емитува програми од студија од Белград, Загреб и Сараево, а ќе има и локални дописништва во повеќе други градови.

 

 

Генералниот директор на Н1, Брент Садлер изјави дека новата телевизија ќе има своја специфична програма базирана на новости од регионот, кои ќе бидат истовремено емитувани од трите центри. Телвизијата ќе емитува и емисии и програми на Си-Ен-Ен со превод на локалните јазици, нагласи Садлер. Главен инвеститор на Н1 е компанијата „Јунајтед Груп“, која ја сочинуваат српскиот кабелски оператот СББ, „Телемах Словенија“, „Телемах Босна и Херцеговина“ и телевизијата „Тотал ТВ“.

А1он

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ: Во спотови на Пендаровски и Османи учествуваат малолетници

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со мониторингот на изборното медиумско претставување за Претседателските …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!