Почетна / Телевизија / Музичката емисија „Скај селекшн“ се сели на телевизија 24 Вести

Музичката емисија „Скај селекшн“ се сели на телевизија 24 Вести

 

Замина Скај Нет, но остана Скај селекшн

 

Познатата музичка емисија “Скај Селекшн” се сели на фреквенцијата на 24 Вести. Имено, емисијата опстојува во македонскиот телевизиски етер повеќе од 15 години и беше една од заштитните емисии на Скај Нет телевизија, која повеќе од еден месец не зрачи во тв етерот.

 

 

Во првите години од своето постоење, беше особено гледана кај гледачите поради тоа што ги пренесуваше сите музички новости од македонската сцена која во тоа време беше доста популарна. Водителка на емисијата беше Здравкица која секоја сабота во 18 часот ја пренесуваше топ листата на 10 најдобри музички спотови, заедно со нови предлоги и разговори со гости во студиото. По нејзиното заминување, многу водителки се сменија, но емисијата не ја достигна никогаш таа популарност како првите години.

Какви новитети не очекуваат во емисијата на 24 Вести, останува наскоро да видиме.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ацо Кабранов: Во Канал 5 примав 60.000 во плико на рака

Доскорешниот уредник на 1ТВ Ацо Кабранов во пост на Фејсбук обзнани дека додека работел во …

error: Содржината е заштитена!