Почетна / Телевизија / Нов визуелен идентитет најавува МТВ!

Нов визуелен идентитет најавува МТВ!

Дигитализација и сигнал од висока резолуција, и програмски содржини од светски продукции се новитетите што гледачите на МТВ треба да ги очекуваат до јуни 2013-та година, открива Алфа телевизија.

„Што се однесува до програмскиот дел фокусирани сме на комплетно ребрендирање на целокупниот визуелен идентитет на МРТ како комплетна промена на програмска шема. Ќе се ориентираме на заживување на сопствената продукција на емисии, шоу програми и сл… Во делот на странска програма во фаза на завршување сме со најголемите светски производители и дистрибутери на филмска, сериска и детска програма“, соопштил извршниот директор Марјан Цветковски.

 

 

Според податоците достапни на бирото за јавни набавки, од почетокот на 2011-та, МТВ инвестирала над 1,7 милиони евра во нова опрема. Меѓу значајните ставки, се ТВ Мастер Контрола и LED видео ѕид кои чинеле безмалку по половина милион евра. Купени се и нови миксери вредни околу 280.000 евра, камери во вредност од 260.000 евра. На друга студиска опрема инвестирано е околу 177.000 евра, на мемориски картички и читачи 54.000 евра, а професионалните монитори во висока резолуција околу 20.000 евра.

Цветковски за Алфа открил и дека набавката на опрема ќе продолжи со нови студиски камери, репортажни возила, линкови за да се исполнат зацртаните цели. Во игра е и отворање на втор канал на македонски јазик.

„Програмски сме задушени само со еден канал на македонски јазик и ценам дека со отварање на ваков канал каде што ќе има по комерцијална програма (ситуацијата ќе се надмине н.з.). Кога тоа ќе се случи не можам да кажам ама се надевам дека во наредниве 2 години ќе се реши ова прашање“, стои во изјавата на Марјан Цветковски.

Исто така, откриено е дека архивата на МРТ била речиси неупотреблива, бидејќи е сочувана во формати што веќе не се во употреба. Проблемот за зачувувањето на „наследството“ на телевизијата ќе се реши токму со најавената дигитализација.

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Станете дел од играната продукција на Алфа, погледнете што се бара

За потребите на играната продукција, Алфа Телевизија вработува: – Актери – 6 (Мажи и жени …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!