Почетна / МК Сцена / Ново од Каролина за оваа сезона

Ново од Каролина за оваа сезона

 

Како што македонските телевизии овој период го промовираат најдоброто за следната сезона, така и поп ѕвездата Каролина Гочева го претстави најдоброто од нејзините планови за следниов период. Она што за прв пат ќе се случи во нејзината кариера е акустичен концерт во Универзална сала, закажан за 22. декември, на кој ќе ја придружува нејзиниот бенд. Последниот голем концерт во Скопје го одржа лани во салата Борис Трајковски, а последен одржан концерт во Универзалната сала беше пред неколку години, каде пееше македoнски етно песни, вклучувајќи ги старите народни и оние од албумот „Македонско девојче“. Во предновогодишниот период се планира и нова песна со нов спот кои ќе бидат најава за најновиот нејзин албум што е во подготовка.

 

Последен пат ја видовме Каролина на концертот по повод денот на независноста на Македонија, каде заедно со Тавитијан ја изведе преработката на Дафино вино црвено по што српските медиуми шпекулираа дека Каролина е бремена. На тоа, таа одговори дека ниту е бремена, а ниту е здебелена.

Овие денови може да гласате за Каролина и за нејзини постари песни кои се натпреваруваат во изборот за најдобар макеоднски евергрин, а доколку нејзина песна влезе во 20-те најизгласани, тогаш ќе ја гледаме и на 26. октомври на специјална манифестација по тој повод. Исто така нејзиното име се спомнува и за возобновениот Скопски фестивал кој треба да се случи на 13. ноември во Скопје, каде познатите македонски пејачи ќе настапат во придружба на оркестар.

Во подготовка за она што следува од Каролина, ве потсетуваме како звучела во живо пред многу години пеејќи еден македонски евергрин:

 

 

 

 

Beauty | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Билети за концертите на Ерос и Адамс и во Avalon ticket shop

Билетите за концертот на Eros Ramazzotti како и за концертот на Bryan Adams ќе може …