Почетна / Сапуници / Нова тв новела „Хаус мајстор на повик“ на регионалните телевизии

Нова тв новела „Хаус мајстор на повик“ на регионалните телевизии

 

По “Клетници”, уште една синхронизирана теленовела на локалните

 

 

На новите регионални телевизии А1, О2, К1, К3, К+, Мега, Ултра и Канал 3 со емитување започна нова латиноамериканска теленовела. “Хаус мајстор на повик” доаѓа од продукцијата на Телемундо и е снимена во текот на 2013 година во 141 епизода. Се работи за римејк на бразилската новела “Fina estampa”, а кај нас ќе се емитува надсинхронизирана на македонски јазик, во попладневните термини на овие телевизии. Актерската екипа е составена од Соња Смит, Марица Родригез, Хуан Солер и Габриел Коронел.

 

 

Содржина :

Серијата го прати животот на Гриселда, која по мистериозното исчезнување на нејзиниот сопруг при една морска пловидба, решава да го држи семејството заедно и на куп, подготвена да стори се’ за да го одржи тоа. … Па дури и да стане хаус мајстор, невообичаена професија за жени. Гриселда е горда на својата работа, со која успева да докаже дека луѓето може да имаат пристоен и среќен живот, без да ги загрозат туѓите вредности. Таа е средовечна жена, мајка на три деца – Кике, Антонио и Амалија.

 

 

Еден од нејзините синови се впушта во љубовна врска со Патрисија, ќерка на Тереса Кристина, богата, елегантна и површна жена. Тереса Кристина е згрозена од помислата дека може да се посвати со жена од ниската класа и постојано ја понижува Гриселда, и покрај противењето на нејзиниот сопруг Рејналдо.

Но, животот на Гриселда се менува само за еден миг. По толку години играње игри на среќа со исти комбинации, еден ден таа освојува неверојатни 25 милиони долари. Но, богатството не го менува нејзиниот живот.

 

 

 

Таа сфаќа дека и со толку пари не е воопшто лесно да се преживее во овој суров свет на ѕверки. Парите можеби не го менуваат нејзиниот карактер, но нејзините чувства се будат кога се вљубува во Рејналдо. Романтична и страствена станува нивната врска, а на патот на нивната среќа стои Тереса Кристина, која нема да бира средства да ја уништи Гриселда, односно хаус мајсторот на повик, како што ја нарекува. 

 

 

Милионите кои сега ги има Гриселда ќе го “воскреснат” и нејзиниот сопруг, за кого сите мислеа дека е мртов. Што сега сака тој од Гриселда и нејзините пари? Кого ќе одбере срцето на жената-хаус мајстор: нејзиниот сеуште официјален сопруг или новата љубов?

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За фановите на „Млади бунтовници“ и „Ангели“, доаѓа нова хит серија

Со големо задоволство и носталгија се сеќавате на времето поминато со вашите незаборавни “Млади бунтовници”? …

error: Содржината е заштитена!