Почетна / Серии / Полноќно дружење на Телма со американската верзија на „Shameless“

Полноќно дружење на Телма со американската верзија на „Shameless“

 

Вилијам Мајси во “Безсрамници” на Телма секоја ноќ

 

Од понеделник, 30 април на Телма телевизија стартува американската серија “Бесрамници”, која ќе се емитува од понеделник до петок на полноќ, категоризирана како програма 16+.

 

 

Серијата го следи дисфункционалното семејство на Фрeнк Галагер, самохран татко на шест самостојни и духовити деца. Додека тој ги поминува деновите пиејќи низ баровите во Чикаго, неговите деца учат да се грижат самите за себе без срам. Од шесте Галагер деца Фиона е најстарата, а Лијам е само бебе кога започнува серијата. Фиона е таа која се грижи најмногу за останатите и која ја има улогата на татко и мајка во домот.

 

 

Нивната биполарна мајка Моника ги напуштила, а таткото Френк е алкохоличар кој иако е присутен во куќата е тотално незаинтересиран ниту за домот, ниту за децата.  Секое од децата поради ова е без родителски надзор и секоевидело работи кои што деца на нивна возраст не треба да ги видат, фактор кој само придонесол самите деца од мала возраст да се грижат еден за друг и искрено предвреме да пораснат.  Да не го споменуваме  моментот кои децата се најдоа во рацете на социјалните служби и беа сместени во посебни домови или беа посвоени.

 

 

Серијата следната година ќе доживее и деветта сезона на мрежата на Showtime со вкупно 96 епизоди досега снимени и емитувани во САД. Наградена е со многу признанија како PRISM Awards за најдобра комедија, актер и актерка, BMI Film & TV Awards за најдобра музика во серија, Screen Actors Guild Awards за најдобар актер во комедија, престижните Primetime Emmy Awards за најдобра актерка во комедија, Screen Actors Guild Awards за најдобар актер.

 


 

Покрај овие награди кои ги има добиено, серијата е номинирана и за уште десетици награди како оние на People’s Choice Awards, Critics’ Choice Television Awards, GLAAD Media Awards, Young Artist Awards, Satellite Awards и Golden Globe Awards.

 


 

Ова е серија која што изобилува со толку мрачна, сурова, урнебесно хумористична и „бесрамна“ реалност како што кажува и самиот наслов. Од понеделник дознавате зошто ова семејство е “црна овца” во соседството на Чикаго. Запознајте ги бесрамниците Галагер.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!