Почетна / Телевизија / Нова сезона на ,,Митбастерс” започнува на Дискавери

Нова сезона на ,,Митбастерс” започнува на Дискавери

 

5 јули со почеток во 16:15 часот | ДИСКАВЕРИ канал

 

 

Дискавери во недела започнува со емитување на десеттата сезона на популарниот серијал ,,Митбастерсво 16:15 часот. Не очекуваат уште многу урбани митови и легенди кои треба да бидат проверени. Со помош на науката ќе се обидат да ги издвојат фактите од фикцијата. Сезоната ќе се отвори со епизода посветена на Индијана Џонс каде тимот ќе го тестира и неговиот легендарен камшик.

 

 

Во новата сезона, составена од десет епизоди, не чекаат многу изненадувања. Адам и Џејми ќе бидат брзи и љубопитни. Со гас до даска и гуми кои свират и се палат, ќе се фатат во костец со две приказни од уличните трки. Покрај тоа, внимателно ќе ја проучат серијата А-тим и ќе истражуваат дали навистина е возможно да се изгради функционален топ од стари и фрлени работи кои се наоѓаат во една соба. Гледајте ги ,,Митбастерс да видите како автомобил се претвора во мотоцикл , а велосипед во сплав. Исто не очекува и цела емисија посветена на Симпсонови.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!