Почетна / Сапуници / Нова викенд серија на Сител – турската крими акција „Специјалци“

Нова викенд серија на Сител – турската крими акција „Специјалци“

 

Фират од “Милост” се враќа во новата серија “Специјалци”

 

Ова лето, Сител телевизија за своите гледачи ќе понуди малку поинаква турска серија која започнува во недела во 21:30 часот. Се работи за акционата драма “Специјалци” која во центарот на случувањата ги става криминалните дејства во Турција, шпионажата, криумчарењето и борбата против подземјето.

 

 

Содржина :

Во новата, тајна владина организација, двајца непријатели ќе мора да работат заедно со единствена цел – да ја заштитат својата земја. Огуз е млад и интелигентен полицаец на Специјалците. Текин, од друга страна, е бивш специјалист – војник, кој работи како обезбедување на премиерот. По обидот за атентат на Премиерот, тим на шест високо обучени специјалисти добиваат задача да формираат тајна организација, која ќе ја брани владата од надворешни закани.

 

 

Меѓу нив се и Огуз и Текин, кои имаат нерешен спор од минатото, кога една нивна операција не завршила успешно. Сега, тие двајца ќе мора да работат заедно под многу стресни услови, неизвеснот и многу опасности. Поради доброто на земјата, тие ќе мора да научат да се толерираат меѓусебно и да си веруваат еден на друг. Иако прво се двоуми за да биде дел од тој тим, сепак една семејна трагедија ќе го натера Огуз да застане во борба против мафијата и злосторниците.
Истовремено, за срцето на Огуз ќе се борат две жени – Дујгу, јавната обвинителка и Зејнеп, убавата докторка.

 

Улоги: İbrahim Çelikkol (Огуз), İsmail Demirci (Текин), Erdal Beşikçioğlu (Јавуз), Yurdaer Okur (Ѓуркан), Kevork Malikyan (Октем)

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездите на „Аси“ и „Ѓумуш“ во нова играна продукција на Сител

Нова играна серија на телевизија Сител. Ѕвездите на Аси и Ѓумуш се враќаат на малите …