Почетна / Серии / Српската серија „Фолк“ по трет пат на Алфа, овојпат во 22 часот

Српската серија „Фолк“ по трет пат на Алфа, овојпат во 22 часот

 

Реприза на српската серија “Фолк” од понеделник до петок

 

Од понеделник до петок на фреквенцијата на Алфа телевизија во 22 часот ќе се репризира српската серија „Фолк“. Првата сезона на популарната серија ја портретира главната ѕвезда во приказната, односно единаесетгодишната Ѕвездана, која во својот роден крај е позната како дете со ангелски глас.

 

 

Додека таа пее, возрасните плачат. Свесни за нејзините потенцијали се и нејзините родители, особено нејзиниот татко кој ќе се лиши од се за да и обезбеди на Ѕвездана успешна естрадна кариера. Ѕвездана преку ден оди на училиште, а ноќе пее во кафеана, од тоа опстојуваат таа и нејзиното семејство. Сите нејзини желби се насочени само кон една цел – да победи на државниот натпревар за прв глас на Србија. Тоа е нејзината шанса да влезе во светот на естрадата за кој сонува.

 

 

Во втората сезона, продолжуваме да го пратиме патот на веќе пораснатата пејачка Ѕвездана која се наоѓа на мрачната страна од српскиот естраден живот. Случајното познанство со кралот на белградската фолк сцена, Гане Папагај, ќе и обезбеди настап на Ѕвездана во една тв емисија, а потоа и во едно шоу. Ова гостување ќе ја стави Ѕвездана пред непристоен предлог од страна на водителот. Нејзиниот менаџер Лепи станува посесивен кон неа, а пак таа без негово знаење легнува во кревет со младиот продуцент. Пред Ѕвездана е нов избор, дрогата и проституцијата во светот на српската естрада.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Повторно започнаа со снимање македонски народни приказни

Во селото Извор, Велешко во општина Чашка започна да се снима новата сезона на Македонски …

error: Содржината е заштитена!