Почетна / Филм / Наскоро премиера на новиот филм со Киванч Татлитуг

Наскоро премиера на новиот филм со Киванч Татлитуг

 

Најновиот филм на турскиот режисер и актер Јилмаз Ердоган, „Синот на лептирот“, во кој главните улоги ги толкуваат Киванч Татлитуг, Мери Фират и Белчим Билбин Ердоган, својата европска премиера ќе ја доживее на Лондонскиот фестивал на турскиот филм кој се одржува од 21. февруари до 03. март. Американската премиера ќе се случи неколку дена подоцна, точно на 28. февруари на отворањето на Фестивалот на турскиот филм во Лос Анџелес. Филмот е снимен според вистинска приказна, а гледачите ги враќа во периодот на Втората светска војна и ги прикажува двата поети кои боледуваат од туберкулоза. Единствениот сон им е да ги објават своите песни во престижниот книжевен магазин. Кога ќе ја запознаат ќерката на градскиот угледник, двајцата се обложуваат – секој да напише песна и да ја прочита пред девојката. Онаа која повеќе ќе и се допадне ќе биде прогласена за победник.

Главните машки актери за македонската телевизиска публика се познати од сериите „Ѓумуш“, „Езел“, „Капали чаршија“ и „1001 ноќ“.

 

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неделен доку филм на Телма за Брус Спрингстин, миленикот на Америка

Поглед наназад низ архивите за извонредното патување на еден рок-гигант. Пејач обожуван од повеќе генерации, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!