Почетна / Забава / Мускули на сите страни!

Мускули на сите страни!

Планетарно популарната Џенифер Лопез е вљубена до уши и тоа воопшто не го крие. Напротив, таа и младиот Каспер својата љубов ја сеат на сите страни. Колку тие се сакаат покажаа во најновиот спот на Џенифер, Dance Again.

 

 

Младиот Каспер Смарт во спотот се разголи колку што можеше повеќе и ги покажа своите завидни мускули, што се неодоливи дури и за Џенифер Лопез, пејачката која допирајќи го голото тело на своето момче во нејзиниот спот докажа колку не може да му одоле на својот драг. Со оглед на тоа дека Џенифер Лопез пред десетина години сними спот со својот тогашен свршеник Бен Афлек, многумина улогата на Каспер ја споредија со онаа на Бен. Но, Афлек по раскинувањето со Лопез се пожали што воопшто ја прифатил улогата во спотот за Jenny From The Block, па да се надеваме дека Каспер Смарт нема да се метне на својот претходник и оти ќе ја цени великодушноста на оваа прекрасна пејачка.

 

 

 

 

 

 

 

Ivana T. | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …