Почетна / Серии / Теленовели / Од редот на величествените – доаѓа „Карасевда“ само на Сител

Од редот на величествените – доаѓа „Карасевда“ само на Сител

 

Одбрана за најдобра тв новела во светот за 2017-та година

 

Наскоро на Сител телевизија започнува долгоочекуваната турска драма “Карасевда”. Бескрајна љубов пред која небото ќе заплаче и морето ќе се повлече. Љубов на која сите ќе се радуваат, но само едно нешто ќе ги отвори портите на пеколот. Наскоро, топлата и тажна приказна за една црна љубов.

 

 

За прв пат во историјата на престижните интернационални награди ЕМИ, турска серија е избрана за најдобра теленовела за оваа година. “Kara Sevda” е таа која триумфираше во категоријата за најдобра теленовела.

Интернационалните ЕМИ награди се најзначајни награди во меѓународната телевизиска индустрија, а наградата за најдобра теленовела досега ја имаат добиено бразилските “Индија” (Сител), “Илузионист” (МТМ), “Рамо до рамо” (ТВ 21), како и португалската “Тајната на дивата река” (Сител).

 

 

“Карасевда” е една од најуспешните телевизиски драми од Турција последниве години, која со голем успех се емитуваше во сите балкански и арапски земји. Има добиено многу признанија во матичната земја како ‘Најдобра драма на годината’ од страна на познати турски универзитети, а признание од жирито доби и на 11-те интернационални награди Seoul Drama Awards in 2016.

 

 

Стана една од најпродаваните турски серии, носејќи се рамо до рамо со Шехерезад, Лисјата, Величествениот и Фатмаѓул, a во Словенија е најгледана турска серија досега.

 

 

“Бескрајна љубов” е новела во која главната улога ја толкува познатиот Бали Бег, а веќе од следната седмица, ексклузивно започнува и во Македонија на Сител телевизија. Бидете со ТВ Пакет и први дознајте што крие приказната за новата бескрајна љубов – “Карасевда”.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прочитајте ја содржината на новата грчка сапуница на Сител

Ексклузивно на Сител доаѓа серија од земјата на Боговите и божествените острови. Очекувајте го наскоро …