Почетна / Филм / Музичка драма и тензичен трилер во недела на 12. август на МТВ 1

Музичка драма и тензичен трилер во недела на 12. август на МТВ 1

Секоја вечер филм на Прва ова лето. Иако се работи за филмови веќе емитувани минатите сезони на оваа фреквенција, сепак за вистинските филмаџии добро ќе дојде повторно емитување. Во продолжение преглед на филмовите за 12 август :

“Родени за танц” – недела (12. август) – 17.45 часот

Забавна приказна со извонредна кореографија. Приказна за еден амбициозен млад човек, кој сонува да стане професионален хип-хоп танчар, но ова мора да го направи без да знае неговиот најдобар пријател Бенџи и неговата група во која настапува. Работите дополнително се комплицираат кога тој се заљубува во Сташа, девојка која е член на танцувачката група од спротивниот тим и… конфликтот е неизбежен. Тиа Маипи, Стен Вокер, Керингтон Пејн и Џон Туи во музичката драма “Born to dance”.

“Кодот на мафијата” – недела (12. август) – 17.45 часот

Двајца браќа се трудат да имаат подобар живот, но демоните од минатото цело време ги прогонуваат. Тие осознаваат дека затворот и не е нешто најлошо што можело да им се случи!

Мајк го пуштаат од затвор, во кој бил поради злосторство кое не го сторил и сѐ што сака да направи е да ја заштити ќерка си од нејзиното поранешно момче. Но, правдата која го чека на улица е многу полоша од сѐ што доживеал в затвор. Неговиот постар брат, иако не е одушевен, сепак се согласува на ,,последна достава” и се обидува да го ослободи Мајк и неговата нова девојка од криминал. Неколку човечки судбини несвесно се поврзуваат и се носат одлуки кои вечно ќе ги прогонуваат. Малик Бернард, Том Сајзмор во трилер драмата “Five therteen” од 2013 година.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кинескиот филм „Последниот волк“ во сабота на ТВ 24

Во новата телевизиска сезона, телевизија 24 ќе емитува по еден премиерен игран филм неделно и …

Leave a Reply