Почетна / Забава / Месец на електронската музика во Скопје

Месец на електронската музика во Скопје

 

СКАЗИ И РОЏЕР САНЧЕЗ ВО СКОПЈЕ

 

Овој месец, градот Скопје ќе биде почестен од две големи имиња во електронската музика. Следната сабота (10 мај) во Експо центарот, свој настап ќе има Скази и ДиЏејте на SUN PRODUCTION. На забавата ќе бидат промовирани специјални светлосни и визуелни ефекти каде во преден план ќе се истакнуваат неон боите. Сите посетители со секоја купена карта ќе добијат неон светкави стикови кои ќе допринесат и ќе се вклопат во целата приказна. На посетителите им се препорачува во горниот дел од гардеробата да доминира бела боја или пак бои кои даваат сличен неон ефект. Ќе бидат обезбедени боди-арт уметници кои на посетителите ќе им цртаат најразлични апликации. Влезници во предпродажба се по цена од 300 денари до 7 мај, а потоа 400 денари.

 

А пак на 16 мај, Роџер Санчез, еден од најуспешните артисти на електронската музичка сцена ќе ја претстави својата нова музика, препознатливите секси-вокали и адреналински ритми, на големата забава која ќе се одржи на отворено, на Скопското лизглалиште на Кале. Последниот настап на извонредниот Роџер Санчез во Македонија беше на ланското издание на Грин Бич Фестивал, на кој тој успеа да привлече 12.000 вљубеници во неговиот звук и остана запаметен како една од најдобрите забави кои до сега се одржале во Охрид. Годинава, најдобрата електро-денс забава и неверојатната енергија која овој артист на само нему својствен начин ја споделува со публиката доаѓа во вистинскиот момент пред скопската публика и ветува дека „Release Yourself“ забавата ќе биде најголемото загревање пред стартот на летната фестивалска сезона. Влезниците за „Release Yourself“ забавата со Роџер Санчез се веќе достапни во продажба и тоа по првата промотивна цена од 400 денари. По завршувањето на промо акцијата или по истекот на залихите, билетите ќе чинат 500 денари во претпродажба и 600 денари на денот на концертот.

Роџер Санчез е едно од водечките светски имиња во хаус музиката. Познат како “DJ’s DJ” и “Producer’s producer,” Санчез го ужива статусот на господар на жанрот. Роден во Доминиканско семејство во Квинс, Њујорк, тој го поминува своето детство впивајќи ги музичките влијанија кои се дел од крвотокот на неговиот роден град. Симбиозата на различните музилки стилови од салса, блуз и соул до диско, рок и хип хоп, го создадоа спектарот на музичкиот израз на Санчез, кој му овозможува константна потреба за редефинирање на границите на хаус музиката. Како вистински граѓанин на светот, Роџер го предводеше патот како амбасадор на електронското денс движење, ослободувајќи ги неговите емотивно полни и енергични сетови за френетичен танц низ подиумите ширум светот.

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Македонските танчери се светски шампиони во латино шоу

Танчерите од Eat The Beat од Скопје, остварија неверојатен резултат на Светското Првенство во Латино …

error: Содржината е заштитена!