Почетна / Телевизија / Мартија со вонсериска изведба на „Џелем, џелем“ во „Пинк ѕвездички“

Мартија со вонсериска изведба на „Џелем, џелем“ во „Пинк ѕвездички“

 

Жирито се поклони пред македонскиот мултиталент

 

Неверојатна изведба на македонската учесничка во “Пинк ѕвездички” во седмиот круг. Мартија Станојковиќ по седми пат ги собра врисоците на публиката и аплаузот на жири комисијата, овојпат со прекрасната изведба на ромската химна “Џелем, џелем”. Таа изгледаше и звучеше уште еднаш совршено, онака како што треба да се изгледа при ваква интерпретација и онака како што треба да се пее оваа песна.

 

 

За Гоца, нашата Мартија е најкомплетната Пинкова ѕвездичка, за Јелена Томашевиќ од ваква изведба може само крвта на човек да му заледи. Без зборови остана и Хари, а и Леонтина и Милан се согласија дека таа е фаворит за оваа сезона и мултиталент за кого не постојат музички граници.

Во продолжение погледнете го настапот на Мартија, а во понеделник на Сител и целата емисија :

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма вработува новинар-уредник за веб сајт и контент креатор

ТВ Телма вработува новинари на работна позиција новинар-уредник на веб страната www.telma.com.mk. и content creator …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!